Кавга поради парфем се претвори во хаос во авион- стјуардесата настрада (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Бизарниот инцидент се случил на 1 април, пред полетувањето на авионот на „Шенжен ерлајнс“, откако две патнички се расправале за „аромата на парфемот“.

Жените седеле во ист ред, а по вербалната расправија за парфемот настанал сериозен хаос. Двајца мажи се обиделе да ги разделат, но безуспешно.

Интервенирала и полицијата.

Екипажот во кабината се обидел да ја смири ситуацијата, кога наводно една стјуардеса била касната за раката, а еден патник бил изгребан, пишува Дејли мејл.

На крајот интервенирала полицијата, а жените биле отстранети од авионот. Инцидентот предизвикал задоцнување од два часа на летот Шенжен-Шангај, додека авиокомпанијата започнала внатрешна истрага.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com