И мајката во потрага по војникот што уби најмалку 20 лица во Тајланд (ФОТО)

by Тони Зографски

Тајландски војник Џакрапант Тома (32) изврши масакр во градот Корат, убивајќи најмалку 20 и ранувајќи 31 лице, јавуваат локалните медиуми. Според „Бангкок пост” тој зел 16 заложници. Во нападот има и голем број повредени.

Тим од специјалните единици  влеза во трговскиот центар, од каде, според тајландската полиција, се слушаат истрели. На социјалните мрежи се споделува снимка, на која се гледа голем пожар во близина на шопинг центарот. Властите го затворија центарот на градот и областа околу трговскиот центар за да го приведат осомничениот.

Како што наведуваат светски медиуми, откако беше откриен идентитетот на напаѓачот во потрага по него се вклучила и неговата мајка која заедно со полицијата и војската е во трговскиот центар.

Инаку, војникот Џакрапант Тома  го пренесувал нападот во живо на Фејсбук и направи селфи додека држи пушка. На една снимка се гледа како војник со шлем и униформа велејќи дека е „толку уморен од пукање на луѓе што веќе не може да го помрдне прстот”.

Тајландските корисниците на Твитер објавија дека Фејсбук ја отстранил снимката во живо, на која беа прикажани убиствата на 12 лица. Во избришаните снимки, може да се слушнат звуците на рафали, некои луѓе преплашени бегаат од напаѓачот, додека други паѓаат погодени.

Осомничениот на својото Фејсбук-профил ден пред нападот напишал дека „Смртта е неизбежна за сите“.

Тој исто така објавил и фотографија на која изгледа како да држи пиштол во раката.

Во еден момент, откако веќе започнал со пукањето, на социјалните мрежи запрашал „Дали да престанам?“, а потоа веќе не можело да се пристапи до неговиот налог.

Безбедносните камери од трговскиот центар наводно го забележале убиецот како ладнокрвно се шета по празните ходници со пушка во рацете.

Напаѓачот украл неколку парчиња оружје и муниција од воената база, како и воено возило.

https://twitter.com/i/status/1226135156039114754

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com