Италијански судија и неговата девојка брутално убиени во својот стан

by Тони Зографски

Спортската јавност во Италија остана шокирана по вчерашното грозоморно убиство на фудбалскиот судија Даниеле де Сантис и неговата девојка.

Засега непознат сторител синоќа влегол во нивниот стан во Лече и ги избодел двајцата до смрт по што избегал. Соседите го забележале убиецот како трча од местото на злосторот со нож во рака откако слушнале вресоци од станот на Де Сантис.

33-годишниот арбитар најчесто ја делел правдата на натпревари од третата италијанска лига Серија Ц, но бил дел и од натпревари во Серија Б како четврти судија.

 

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com