ИСПРАЌАЈ СО СОЛЗИ: Маја Николиќ го одгледа прошталниот прилог, па заплака (ФОТО)

by Тони Зографски

На Маја Николиќ вчера и беше последен ден на “Прва“ телевизија, а нејзините колеги и приредиле изненадување, по кое водителката се расплакала.

Имено, Маја најавила прилог незнаејќи дека колегите и направиле ретроспектива од  нејзините емисии во трите последни години од кога таа работи на “Прва“ телевизија. Водителката емотивно реагирала и останала без текст. По последниот кадар од прилогот, во студиото еден од колегите и донел бикет цвеќе, по што таа се расплакала.

– Ретко кој е толку среќен со своите колеги. Ви благодарам милион пати. Јас ви посакувам сите од вас да работите со вакви луѓе, но знам дека тоа е неможно и за мене. Ве бакнувам, без текст сум. Фала ви до небото, – рекла расплаканата Маја.

останати вести