Иселеник од Австралија со спреј го испрска натписот на бугарскиот клуб „Иван Михајлов“ во Битола (ФОТО)

by Тони Зографски

Натписот на бугарското здружение „Иван Михајлов“, кое пред неколку дена беше избришано од Централниот регистар е испраскан со црн спреј.

Натписот го испрскал иселеникот од Австралија, Стефан Георгиевски.

Инаку, во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека е запрена прекршочната постапка против претседателот на клубот Љупчо Георгиевски бидејќи е покрената кривична постака за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.

Истата одлука за бришење се случи и со клубот во Охрид, „Цар Борис Трети“ по одлуката на Министерството за правда и добиеното негативно мислење од Комисијата за употреба на историски личности. Тргната е и таблата од местото каде што беше сместен во Охрид.

Бугарските клубови имаа рок до 16 февруари да ги промената имињата, но не го направија тоа.

(Фото: Бабам Битола)

останати вести