Инструктор на „Бритиш Ервејз“ има плата од 170.000 фунти, а го фатиле како краде сендвичи

by Тони Зографски

Неименуван инструктор по летање на „Бритиш ервејс“ бил фатен како краде храна од самопослужна кафетерија во Вотерсајд, седиштето на националниот авиопревозник.

Вотерсајд се наоѓа во близина на аеродромот Хитроу.

Пилотот (кој работи за „Бритиш ервејс“ повеќе од две децении) бил постојано сниман од безбедносните камери како зема храна и пијалоци од самопослужната кафетерија, а потоа, наместо да ги скенира баркодовите и да плати, си заминувал со парите во џеб и храната и пијалоците во раце.

Инструкторот по летање ги обучува и сертифицира идните капетани за летање со „Ербас А380“. Тоа е најголемиот авион во флотата на британската компанија, а со оглед на искуството и знаењето на пилотот – неговата годишна плата исто така е голема: околу 170.000 фунти.

Откако бил сниман од камерите, капетанот бил повикан на разговор со менаџментот. Иако однесувањето било повторено, тој добил само опомена, без сериозна дисциплинска мерка, иако е едноставно неверојатно дека некој што заработува 170.000 фунти годишно би крадел за да заштеди неколку пени.

Во истиот извештај се наведува и дека неколку високи менаџери биле забележани како не плаќаат за храна и пијалоци, а им биле дадени и предупредувања, пишува AviationATO h. Сепак, благиот одговор предизвика критики, бидејќи се верува дека персоналот од понизок ранг, како што е кабинскиот екипаж кој заработува помалку од 30.000 фунти годишно, веројатно би бил отпуштен за истото дело.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com