“ИМАШЕ НЕИЗДРЖЛИВИ БОЛКИ, БЕШЕ ПРЕЖАЛНО“: Глумецот откри како изгледале последните денова на Борис Комнениќ на снимање (ФОТО)

by Тони Зографски

Актерот Борис Комнениќ, најпознат по улогата на Саша Гуза Попадиќ од популарната серија „Бољи живот“ почина синоќа на 64-годишна возраст. Безживотното тело на Комнениќ било најдено во неговиот стан во Нов Белград, а медиумите објавуваат дека се борел со тешка болест.

Меѓудругите Комнениќ го играше и ликот на Стево во серијата “Колегинице“, а неговиот колега Пеѓа Дамјановиќ кој снимал со него, откри за курир.рс дека Борис последните денови имал неиздржливи болки, поради што често не можел да доаѓа на снимање.

“ Последната сцена моравме да ја измениме бидејќи немаше шанса да дојде на снимање. Комплетно ја изменивме, а деловите каде што требаше да се појави во минување ги пополнивме со дублер. Уште тога беше прежално, кога  гледате некој сосема друг човек во костумот на “Стево“, и свесни сте дека дублерот не е тука поради опасната сцена, туку затоа што нашиот Борис, најомиленото, најдуховитото, најшармантното “гунѓало“ на светот, е спречен да дојде поради неиздржливи болки“, рекол Дамјановиќ.

Boris Komnenić

останати вести