“ИМАВ СЕКС ВО ЧЕСТ НА МОЈАТА БАБА“ – откри Ким Кардашијан

by Тони Зографски

Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан ги шокираше сите со изјавата дека имала интимни односи со поранешниот партнер пред каминот, и тоа во „чест на својата баба“.

Таа ја раскажала приказната дека имала секс со Пит Дејвидсон пред каминот и на својата баба Ем Џеј.

– Пит и јас бевме во хотелот Беверли Хилс минатиот викенд и седевме пред каминот и разговаравме со часови. И тогаш му кажав дека баба ми секогаш ми велеше дека не си живеел навистина ако не си водел љубов пред каминот. И така тогаш го направивме тоа пред каминот, во твоја чест – отворено изјави Ким во најновата епизода од семејната шоу програма.

Таа додаде и дека „акцијата“ била морничава.

– Колку е морничаво да мислиш на баба ти пред секс – се пошегува Ким, на што нејзината баба одговорила:

– И јас некогаш бев млада. И јас бев млада…

Инаку, Ким и Пит неодамна ја прекинаа врската која траеше девет месеци, а како што беше откриено останале во добри, пријателски односи.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com