Изгореа три трафики во центарот на Скопје

by Тони Зографски

Во центарот на Скопје, во близина на хотелот „Холидеј Ин“, изгореа три трафики, во пожар, кој според првичните информации избувнал синоќа околу 4 часот по полноќ.

Причините за пожарот се уште не се познати, а материјалната штета допрва ќе се утврдува.

Утрово на местото на настанот можеше да се забележи како се расчистува локацијата каде синоќа избувнал пожарот.

извор: Макфакс

останати вести