Изгаснат пожарот во Универзална сала, две лица се повредени (ФОТО)

by Тони Зографски

Скопските пожарникари го изгаснаа пожарот кој утрово избувна во Универзална сала.

Две жени се однесени со Брза помош на Клиниката за токсикологија поради вдишување чад.

 Во пожарот, кој сега е локализиран, изгоре новата купола на салата, која беше поставена пред само десетина дена.

Засега не се познати причините за настанување на пожарот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com