ИЗБЕГНАТА ТРАГЕДИЈА: Се спасуваше животот на фудбалерот Димов

by Тони Зографски

Фудбалерите на Академија Пандев извојуваа втора победа на стартот од подготовките за настапите на европската сцена.  Во Банско, беа подобри од уште еден бугарски прволигаш, Берое славејќи со 2-0.

Но, триумфот мина во сенка на инцидентот и мачните сцени поврзани со стоперот Диме Димов.  Тоа се случило во 13. минута по дуел меѓу Димов и противничкиот играч Ерол Алкан. Димов паднал во бессознание притоа голтајќи го јазикот. Медицински лица од двата тима итно се впуштиле во акција поради критичната ситуација и со навремена интервенција на крајот успеаја да го спасат животот на дефанзивецот на Академија Пандев кој веднаш е префрлен во медицинскиот центар каде сега се наоѓа во стабилна состојба.

Натпреварот била во прекин 17 минути.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com