ИГРАШЕ ВО “ДНЕВНИКОТ НА БРИЏИТ ЏОНС“: Се разведе британскиот глумец (ФОТО)

by Тони Зографски

Британскиот глумец и добитник на Оскар, Колин Фирт и неговата сопруга, италијанската продуцентка Ливија Џуџиоли, се разделија по 22-годишен брак, пренесе „Ројтерс“.

59-годишниот Фирт, познат по улогите во продукции како „Говорот на Кралот“ за кој освои Оскари, „Вистинска убов“, „Дневникот на Бриџит Џонс“, „Гордост и предрасуда“ и 50-годишната Џуџиоли се семејство од 1997 година и имаат две момчиња.

„Колин и Ливи се разделија. Тие имаат блиско пријателство и остануваат обединети во љубовта на своите деца. Нивното барање е нивното право на приватност да се почитува. Темата веќе нема да се коментира“, се вели во нивната заедничка изјава.

Пред неколку години, Колин Фирт и Ливија имаа кратка разделба за време на која продуцентката имаше афера со италијанскиот новинар Марко Бранкача. Двојката последователно ја среди својата врска, потсетува агенцијата.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com