Хрватската навивачка Ивана Кнол „го запали“ Инстаграм објавувајќи фотографии од Швајцарија на кои позира на снег во минијатурно бикини.
Изгледот го надополнила со очила за сонце и чизми. Таа настапувала како диџејка во Нендаз, а во описот навела:
„Не би била јас ако не завршам во бикини на снег по настап. ‘Снежната вибрација’ беше нереална… Ви благодарам за енергијата“. Во коментарите на Инстаграм доби бројни комплименти за изгледот.
„Прекрасна“, „За неа никогаш нема зима“, „Родена за бикини“, се дел од нив. По Швајцарија, Ивана Кнол настапува во Ванкувер.