Актерката Скарлет Јохансон се појави на премиерата на филмот „Jurassic World Rebirth“ во Њујорк, а за таа пригода носела креација од познатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд.
Како што може да се види, фустанот во нежно розова боја е карактеризиран со бели карнери, а забележлива беше и чипка која се протегаше долж целиот фустан.

Скарлет го надополни стајлингот со дијамантски обетки и високи потпетици, а кога станува збор за фризурата, таа се одлучи за коњско опавче кое го истакна нејзиното убаво лице.

Освен прекрасниот изглед на актерката, вниманието на јавноста го привлече и „жешкиот“ бакнеж што го размени со Џонатан Бејли, колегата од филмот. Но, тоа не е сè…
Имено бакнежот пред камерите се случи во присуство на сопругот на Скарлет – Колин Џост, што ја направи оваа ситуација уште понепријатна…

https://www.instagram.com/reel/DLQtbZjsZN_/embed/?cr=1&v=14&wp=810&rd=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk&rp=%2Fadmin%2Fnews%2F522387%2Fedit#%7B%22ci%22%3A0%2C%22os%22%3A439.19999980926514%2C%22ls%22%3A191.5%2C%22le%22%3A427%7D
