ИАКО НОСИ СПЕЦИЈАЛНИ ЧЕВЛИ: Путин се лизнал и паднал по скали во резиденцијата

by Тони Зографски

Рускиот претседател Владимир Путин се лизнал и паднал по неколку скали во неговата официјална резиденција, пишуваат некои британски и австралиски медуми.

На рускиот претседател (70) наводно телохранителите му помогнале да се качи на троседот додека неговите лични лекари притрчале да му помогнат.

Ова е објавено на мрежата Телеграм од рускиот канал General SVR, кој редовно објавува информации за Путин. Путин наводно се здобил со модринки од падот, но и покрај овој инцидент, Путин присуствувал и да зборувал на конференцијата на млади научници во Москва во четвртокот.

What does Putin's house look like? - Quora

Според наводите, Путин одел надолу кога „се сопнал и паднал на грб, по што паднал на страна и се лизнал неколку скалила“. Инцидентот се случи пред телохранителите на претседателот, кои брзо реагирале и притрчале на помош на Путин. Тројца безбедносни службеници му помогнале на претседателот да дојде до најблискиот тросед и ги повикале лекарите кои дежураат во резиденцијата.

Пред прегледот, лекарите го придружувале претседателот до бањата и му помогнале да се исчисти. Веќе била најавена истрага која ќе утврди што го предизвикало падот.

„Носи специјални чевли, дури и дома, со антилизгачка обвивка, а скалите во резиденцијата се сметаат за „безбедни“, пишува овој извор.

 

останати вести