ЗЕМА ПУШКА В РАКА: Пред еден месец играше против Македонија, а сега замина во војна

by Тони Зографски

Капитенот на ерменската фудбалска репрезентација, Вараздат Харојан, го откажа трансферот во Грција, зема пушка в рака и замина да ја брани татковината во воениот конфликт со Азербејџан во областа Нагорно Карабах.

Тој одби трансфер во грчкиот тим АЕЛ Лариса, затоа што патриотски сака да и помогне на државата.

28-годишниот Харојан, кој има 51 настап за својата репрезентација и беше капитен на Ерменија на мечот со Македонија во Скопје пред неполн месец „е мобилизиран, како и сите ерменски граѓани на возраст под 40 години, и тој веќе е во воената зона“, се вели во пораката испратена до сопственикот на Лариса, Алексис Кујајас од агентот на фудбалерот.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com