За неа годините се само бројка: Водителката Ирена Спировска на 50. роденден позира во костим за капење (ФОТО)

by Тони Зографски

Македонската водителка Ирена Спировска, освен што може да се пофали со својата харизма и шарм, и нејзиниот изглед е на завидно ниво.

Нејзината убава фигура ја одржува со правилна исхрана и редовна физичка активност, најмногу со планинарење, кое стана неизбежен дел од нејзиниот живот.

Ирена честопати на својот инстаграм-профил споделува фотографии од нејзините патувања, авантури и настани, а сега се пофали дека ужива во одморот во Црна Гора.

Фото: Instagram / irenaspirovska

Имено, таа објави неколку фотографии на кои позира покрај плажа и морската шир во костим за капење, честитајќи си го 50. роденден.

Фото: Instagram / irenaspirovska
„Кога си роден во јуни неизбежно е да го сакаш летото, кога си рак во хороскоп неизбежно е да го сакаш морето… 18 238-mo утро во мојот живот и 50-ти роденден. Нека се множат“, ова е порака Ирена си ја посака преку социјалните мрежи.
Фото: Instagram / irenaspirovska

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com