ЗАТВОРЕН КАКО ДЕЧКО, ИЗЛЕГУВА КАКО СТАРЕЦ: 45 години лежело по грешка, но добро си наплатил (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Американецот кој во затвор лежел 45 години по грешка, за дело кое не го сторил, ќе добие 1.5 милион долари обештетување поради судска грешка.

Ричард Филипс (73) во 1972 година е осуден на доживотен затвор за убиство за кое уште од старт тој го негирал дека е виновен. Судот го осудил на основа на сведочење кое се покажало за неточно.  Лани Филипс е ослободен по интервенција на програма на Универзитетот во Мичиген кој се занимава со исправување на судски грешки.

Инаку, тој се занимава со сликарство, а неговите дела се продаваат и по неколку илјади долари.

– Ќе патувам и ќе уживам во животот – рекол Филипс по одлуката за ослободување.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com