Запросувањето на мечот на Новак Ѓоковиќ: Тенисерот им порача: Сакам покана за свадба (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Новак Ѓоковиќ беше сведок на запросување на трибините за време на неговиот натпревар во првото коло на Вимблдон против Кинезот Ву Јибинг на Централниот терен и веднаш побара покана за свадба.

Откако Ѓоковиќ го освои првиот сет, еден маж од публиката ја искористи паузата за да ѝ предложи брак на својата девојка.

Ѓоковиќ го забележа ова по враќањето на теренот, им покажа знак на срце и кренати палци, а потоа им порача: „Сакам покана за свадба“.

Симпатичната ситуација ја сподели и официјалниот профил на Вимблдон на социјалните мрежи, која во описот на објавата напиша: „Една свадбена покана за г. Ѓоковиќ“.

Сепак, присуството на порториканскиот рапер Бед Бани во ложата на српскиот тенисер на Централниот терен привлече посебно внимание на трибините.

Неговото доаѓање уследи два дена откако Ѓоковиќ се појави на сцената за време на концертот на музичарот во Лондон.

останати вести