ЗАПОЧНУВА ТЕШКАТА БОРБА СО РАКОТ НА ДОЈКА: Бијонсе и нејзиното семејство пред нов предизвик (ФОТО)

by Тони Зографски

Таткото на пејачката Бијонсе, Метју Ноулс (67) соопшти дека заболел од рак на дојка, болест што ги погодува само еден одсто од мажите.

Метју кој исто така е музичар, со години работеше како менаџер на групата Destiny’s Child во која неговата ќерка ја започна кариерата. Извесен период  беше менаџер и на Бијонсе, но таа соработка бргу се прекина.

Метју Ноулс по триесет години брак во 2011 година се разведе од мајка ѝ на Бијонсе, Тина, која често ја изневерувал, па иако бил во брак добил две вонбрачни деца, – ќерката Клои и синот Никсон. Истата година кога се разведе Бијонсе го тужеше за проневера на пари, но овој случај никогаш не доби судска завршница.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com