“ КАКО НЕКОЈ ДА МЀ УДРИ СО ЧЕКАН“: Тијана скршена по самоубиството на новинарката (FOTO)

by Тони Зографски

Тијана Дапчевиќ била долгогодишна пријателка на новинарката Драгана Трипиќ која вчера со бесење си го одзеде животот. Таа за српските медиуми вели дека веста за смртта на пријателката ја шокирала.

-Ние двете последен пат се видовме пред два месеци. Драганa секогаш беше полна со животот, секогаш беше расположена и се шегуваше и ништо не навестуваше дека има проблеми. Забетонирана сум. Како некој да ме удри со чекан. Не можам да прифатам – изјавила Тијана.

Мајката на најдобриот тенисер Новак Ѓоковиќ, Дијана Ѓоковиќ вели дека веста за смртта на пријателката ја шокирала.

– Искрено целосно се шокирав. Беше секогаш насмеана, радосна и весела, подготвена за шега. Беше жена полна живот. Последната година не се слушавме толку често, но навистина не знаев дека имала некој проблем. Жал ми е што ако имала проблеми не ги споделила со некого”, вели Дијана.

Последната објава на Твитер на новинарката  се однесувала на борбата на корисниците на кредити во Швајцарија со банките.

 

останати вести