ЖИВОТ ОБЕЛЕЖАН СО ТРАГЕДИИ: Хрватскиот пејач во последните пет години се разведе, па му починаа мајка му, брат му и син му (ФОТО)

by Тони Зографски

Хрватскиот пејач Здравко Шкендер во средината на јануари го загуби синот, а пред неколку дена околу неговата трагедија проговори за РТЛ телевија. Тој низ солзи откри дека неговиот син, 39- годишниот Томислав починал од срцев удар.

“ Сеуште сум под голем стрес. Не можам да ја прифатам смртта на Томислав. Тешко е, но со помош на антидепресиви кој ги земам ја поднесувам болката која е во мене – изјавил Здравко чиј живот е обележан со трагедии.

‘Имено, во 1980 година, по сообраќајна несреќа останал инвалид.

“ Во последниве пет години прво ми се распадна бракот, па ја загубив мајка ми, па брат ми, а сега и синот. Јас живеам сам, а тоа е еден тежок живот. Сакав да докажам дека можам да издржам. Имам асистентка која ми е при рака. Бог ми испрати таков добар човек, – изјавил пејачот кој единствен спас во тешката психичка ситуација, надополнета со моменталната епидемија со коронавирусот, ја гледа во песната и добрите луѓе.

-Кога ќе заврши се ова што ни се случува со коронавирусот ќе продолжам да пеам и да ги развеселувам луѓето со мојата песна. Токму песната е тоа што ме одржува во живот.

 

останати вести