Позната актерка откри од што е болна (ФОТО и ВИДЕО)

by Тони Зографски

46-годишната актерка од филмовите “Врисок“ и “Правна плавуше“ Селма Блер го отвори срцето и откри од што  е болна.  Се работи за мултиплеј склероза, со која Селма од неодамна се бори и оптимистички пред камери ја подели приказната со целиот свет.

Како што таа вели, кога и соопштиле од што боледува некако и олеснило, бидејќи со години наназад докторите не можеле да и дадат одговор зошто губи рамнотежа, паѓа на улица или има проблем со говорот. Претходно, ваквата состајба на Селма ја препишувале на заморот и фактот дека таа од неодамна стана мајка. Актерката призна дека почнала да пие за да го ублажи хроничниот бол.

„ Откако ќе го одведев син ми во школо морав да одремам некое време во колата и се срамев поради тоа. Давав се од себе да бидам добра мајка“ вели Селма и додава:

“ Син ми ме гледаше како ги испуштам предметите и како паѓам, па морав да се смеам тоа да не го доживее трагично, да не се грижи за мене. Тогаш ме имитираше, и тој ги испушташе предметите и паѓаше. Се смеевме заедно, но му реков тоа да не го прави надвор од својот дом“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com