Жена на плажа во Грција смислила генијален начин да си го намачка грбот (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Снимка од плажа во Грција која кружи на социјалните мрежи го запали интернетот. На видеото се гледа жена на плажа и ништо не би било интересно доколку таа со помош на алат за сликање не нанесе крема за сончање на грбот .

Веројатно и било лошо да моли некој да и го намачка грбот, па дошла до совршено решение.

Таа употреби мал валјак за боја, ја стискала кремата врз него и лесно и брзо ги заштитила рбетот и рамената од сонцето.

Воодушевените луѓе ги оставија своите коментари под видеото.

„Ја боли увото што ќе кажат луѓето околу неа, тоа и е чест!“ гласи еден коментар.

“За мене оваа жена е хит. Секоја чест за снаодливоста”, напишала другата жена воодушевено.

Во секој случај, мислиме дека нејзината идеја е генијална, а како изгледаше, погледнете во видеото подолу.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com