ЕУ Е НАШ ВИСТИНСКИ НЕПРИЈАТЕЛ, ТАА МОРА ДА ИСЧЕЗНЕ! Италијанците револтирани: Фон дер Лајен заработува 380.000 евра годишно, а обичен работник 1.200 месечно!

by Тони Зографски
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и Европската унија беа цел на критики од незадоволните Европејци на социјалните мрежи. Причина за негативните коментари е нејзината годишна плата, односно огромната разлика меѓу таа бројка и приходот на просечен граѓанин во земјите на ЕУ, поточно Италија.

– Урсула фон дер Лајен заработува 350.000 евра, годинава 30.000 евра повеќе поради корекции на инфлацијата: вкупно 380.000 евра. Италијански работник во просек заработува 1200 евра месечно, пензионер 800 евра, а социјалната помош е 450 евра. ЕУ мора да се распадне, таа е нашиот вистински непријател – се наведува во објавата која има голем број на акции за само неколку часа.

Да потсетиме, ситуацијата во Италија не е нималку наивна, бидејќи сметките за струја и гас драстично се зголемени.

Цените почнаа да се зголемуваат минатата есен, а денес сметките се три до пет пати повисоки од пред една година. На рестораните и другите угостителски објекти им остануваат само две опции – затворање или драстично зголемување на цените.

Колку се драстични поскапувањата на струјата и гасот, сведочат огромните сметки со кои се соочуваат граѓаните, угостителските објекти и сите други комерцијални активности.

– Сметките за годинава во комерцијалниот сектор изнесуваат 33 милијарди евра, додека лани биле 11 милијарди. Ова влијае на услужните дејности кои во година на пандемија ги поништи приходите и нивото на вработеност. Многумина затворија или преземаа дополнителни долгови. Бараме интервенција од Владата кога станува збор за јавниот придонес, кој сега е 15 проценти – додека поскапувањето на енергијата надмина 30 проценти – изјави претседателот на Конфедерацијата на компании и угостителство за Ломбардија, Лино Стопани.

Според него, цената мора да се зголеми бидејќи во спротивно не може вака да се продолжи, загуби ќе претрпат сите комерцијални дејности.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com