Балканската музичка ѕвезда Северина повторно ги воодушеви љубителите на модата со својот беспрекорен стил. Пред концертот во Сплит, атрактивната Севе објави серија фотографии на кои позира во лежерна, но многу шик облека.
Облечена во бел топ и чипкани шорцеви кои ги истакнуваа нејзините неверојатно витки нозе, Северина го заокружи изгледот со долг беж мантил, елегантни чевли во боја на вино и чанта во неутрална нијанса.
Големите очила за сонце му дадоа на целиот изглед доза на гламур, а нејзината самоуверена прошетка низ улиците на градот уште еднаш покажа зошто е една од најголемите модни икони на музичката сцена.