Екс министерот Љупчо Николовски беше диџеј на свадба (ФОТО)

by Тони Зографски

Поранешниот министер за земјоделство и актуелен генерален секретар на СДСМ Љупчо Николовски викендов беше во улогата на диџеј на свадбата на неговите пријатели.

На социјалните мрежи Николовски сподели неколку интересни фотографии покрај диџеј пултот.

“Работно и за викенд. Назад во времето. На свадбата кај Елена Георгиевска и Христијан Баги Ташковски. Вечни да сте!“- напиша екс министерот во постот под фотографиите.

Инаку, Љупчо Николовски кој летово се ожени, при едно интервју откри дека во неговиот роден град бил диџеј.

останати вести