Ева Лонгорија ја истакна совршената фигура во розов фустан со длабоко деколте (ФОТО)

by Тони Зографски

Ева Лонгорија, омилената „очајна домаќинка“ секогаш наоѓа начин да привлече внимание. Таа е често активна на мрежите, каде што објавува фотографии од нејзиниот деловен, но и личен живот. А, се чини дека со последната објава предизвика вистинска возбуда на Инстаграм.

Имено, Ева објави празнична фотографија, која привлече внимание поради својата комбинација на облека. На фотографијата, таа носеше фустан во пастелно розова боја кој ја истакнува нејзината совршена фигура.

Секси фустанот има и длабоко деколте кое дополнително ја крена температурата. Стајлингот го надополни со брановидна фризура и ненаметливи додатоци, а црвениот кармин шго заокружи ова модно издание.

останати вести