Д-Р БЕЌАРОВСКИ: Вчера стававте слики од дочека на “стара нова година“, а утре ќе објаснувате како е нехумано децата да одат во училиште

by Тони Зографски

На својот Фејсбук профил токсикологот и професор д-р Нико Беќаровски упати критика до сите оние кои деновиве прославуваа стара нова година.

-До 14 часот стававте слики од масовни собири на работните места со “паричката”.Вечерва го преплавивте Инстаграм со слики од дочек на “стара нова година”.Утре ќе бидете големи филантропи и ќе објаснувате како е нехумано децата да одат на настава со физичко присуство – пишува Беќаровски.

останати вести