Светската ѕвезда Дуа Липа присуствуваше на свадбата на својот братучед Анди Ѓакова во Косово, а на социјалните мрежи сподели моменти од големата семејна прослава. Меѓу нив е и снимката на која таа и нејзиниот татко Дукаѓин Липа играат традиционален танц со чаша на главата.
Пејачката, облечена во црн фустан со отворен грб и пердуви околу деколтето, танцуваше со татко ѝ додека останатите околу нив играа со традиционални шамивчиња, а останатите аплаудираа. Дуа и Дукаѓин успеваа да ги задржат чашите на главите додека танцуваа во круг со кренати раце.
Во објавата на Инстаграм, 31-годишната пејачка сподели и фотографии со своето семејство – сестра ѝ Рина, брат ѝ Џин и мајка ѝ Анеза. На една од фотографиите се гледаат и младенците како ја сечат повеќекатната свадбена торта.

Дуа му честиташе на братучед ѝ Анди и на неговата сопруга Розафа Келменди, а свадбата ја опиша како „голема албанска свадба“.
– Мојот братучед се ожени со жената од неговите соништа и имавме голема албанска свадба! – напиша таа.
На свадбата во Косово не се појави нејзиниот сопруг, актерот Калум Тарнер. Дуа Липа, која во 2022 година доби албанско државјанство, во последно време често споделува моменти од семејниот живот и прославите со своите најблиски.


