Драма на ОИ: Славејќи го златниот медал, доживеал срцев удар

by Тони Зографски

Непосредно по синоќешното затворањето на Олимписките игри, британските медиуми објавија една драматична приказна која се случила во четвртокот.

Во главна улога бил селекторот на боскерската репрезентација на Узбекистан, Тулкин Киличев. Неговиот пулен Хасанбој Дусматов на 8 август стана олимписки шампион, а во големата еуфорија, малку недостасувало Киличев да почине.

Во текот на прославата нему му се слошило и имал срцев удар, а животот му го спасиле колегите тренери од британскиот боксерски тим. Се се случило во просториите на тенискиот центар „Ролан Гарос“ каде е одржан бокс мечот. Тренерите Британци притрчале, му пружиле прва помош и ги повикале надлежните служби, а докторите успеале да му го спасат животот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com