Драма на небото откако се запали авион, патниците во паника (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Се запали авион на небото над Рим, објавено е страшно видео.

Десниот мотор на “Боингот” со кој управувал кинескиот авиопревозник “Хаинан ерлајнс” се запалил набргу по полетувањето од аеродромот Фиумичино во Рим во неделата, изјави претставник на италијанскиот аеродром.

Авионот, кој летал за кинескиот град Шенжен со 249 патници и 16 членови на екипажот, се вратил назад и безбедно слетал откако испуштал гориво над морето.

Авионот очигледно бил погоден од птица, се вели во соопштението на италијанската крајбрежна стража.

Ударите од птици се вообичаени и можат да претставуваат значителна закана за безбедноста на авионите.

Немаше доцнења во воздушниот сообраќај во Фиумичино, изјави претставник на аеродромот.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com