ДРАМА: Мис на Африка за малку ќе изгорешe (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Вистинска драма го одбележа изборот за Мис на Африка. Во моментот кога Мис на Конго, Доркас Касинде требало да ја прими круната од минатогодишната победничка Гасеангве Белопи од Боцвана, нејзината перика се запалила од пиротехничките средства. Поточно, искра влетала во нејзината коса, па се створила паника со викотници.

Сепак, Доркас не е повредена.

“ Добра сум. А мојата коса… И она е добро. Сега добро се чувствувам. Благодарам на сите“ , напиша на Твитер.

Инаку, победничката доби 35.000 долари и спортски автомобил.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com