655
Возач на приватен автобус со број 22 утрово остави полн автобус со патници во населбата Даме Груев, револтиран од метежот од средношколци кои настојуваа да се качат во возилото, оти доцнеа на првиот училиштен час, пишува „Слободен печат“.
Патниците што стоеја на станицата револтирано велеа дека претходните два автобуса на распоред не дошле и сакаа да се качат во автобусот.
Возачот, немајќи капацитет да се справи со ситуацијата излезе од автобусот и си замина, оставајќи го возилото и стотина патници среде улица.
Еден патник посведочи дека револтирана патничка додека возачот стоеше во возилото му рекла: „Ајде вози, доцниме“, на што тој ѝ одговорил: „Седни ми во скут, па вози“.