ДРАМА ВО САРАЕВО: Таткото го фрлил бебето од пожарот на кровот од зградата, пожарникарите го фатиле (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Сараевските полицајци и пожарникари во текот на ноќта спасиле четири лица за време на драматичното гасдење на пожар во стамбена зграда на Мејташ.

Во станот на брачниот пар Муслиќ, тие биле со бебето и уште една жена која се онесвестила. Сите полесно се повредени, кои највероватно се наголтале дим, речено е во пожарникарската служба.

Спрема зборовите на очевидците, пожарникарите ги “ваделе луѓето од пожар, а бебето го фаќале додека таткото го фрлал од оган“.

Причините за пожарот сеуште не се познати, се претпоставува дека станува збор за неисправна електрична инсталација.

останати вести