Драган Бјелогрлиќ за својот Гига: Кога и да се сретневме ќе ми удреше по една воспитна

by Тони Зографски

Драган Бјелогрлиќ со покојниот Марко Николиќ повеќепати соработуваше од почетокот на својата актерска кариера, па се до последните проекти, серијата „Сенке на Балкану“ и “Жигосани во рекетот“. Тој за српски Курир се прости од својот телевизиски татко со многу тага и емоции.

“ Во филмот Бошко Буха„ Марко Николиќ играше наш командант, кого сите го викавме “чале“. Во “Бољи живот“ исто така ми беше татко, легендарниот Гига. Кога и да се сретнеме ќе ми удреше по една воспитна, како што тоа му го правеше Гига на Бобо“ напиша Бјелогрлиќ и додаде:

“ Ми беше телевизиски татко. Беше прекрасен, топол човек, убаво пееше, свиреше гитара. сакаш повеќе да зборува за риболов отколку за глума, ги сакаше жените а и тие него. Во сите мои режисерски проекти одигра фантастични улоги. Отиде рано. Можевме уште малку да се дружиме и да работиме. Многу ќе ми недостасува. Збогум, Гиго мој“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com