Дојава за бомба на скопскиот аеородром, сите летови откажани

by Тони Зографски

Сите летови се откажани поради дојава за поставена експлозивна направа на скопскиот аеродром. Во тек е итна евакуација на вработени и патници.

Ова е првпат да има дојава на аеродромот, после серијата на дојави низ училиштата, трговските и деловните центри. Вчера дојави за бомби имаше и во неколку кумановски училишта.

Исто така и вработените на „Ист Гејт Мол“ повторно денеска биле евакуирани после дојава за бомба.

МВР со повеќе детали ќе излезе во текот на денот.

останати вести