Доделени наградите „Златен глобус 2019“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Филмовите „Зелената книга “, „Боемска рапсодија “и „Рома” се  добитници на наградите „Златен глобус” на церемонија во Беверли Хилс.

“Зелена книга“ доби три награди – за најдобра комедија или музички филм, за најдобро сценарио на Ник Валенглага, Брајан Кари и Питер Фарел, кој исто така е продуцент, и најдобар актер во споредна улога за Махершала Али.

Боемска рапсодија, посветена на групата Квин, доби две награди – „Златен глобус” за најдобра драма и најдобар актер – Рами Малек.

„Рома” на Алфонсо Куарон исто така има две награди – за најдобар странски филм и за најдобар режисер.Филмот веќе го освои „Златниот лав“ на Фестивалот во Венеција минатата година.

Во останатите номинации, најдобра актерка е Глен Клоуз за остварување во филмот „Жената”,  Ричард Меден и Сандра Оу  освоија награди за најдобри актери во ТВ-серија, додека Мајкл Даглас и Рејчел Броснахан во комедија или музички.

Најдобра песна е од филмот „ Star is born”. Музиката и текстовите на Лејди Гага, Марк Ронсон, Ентони Росомандо и Ендрју Вахите. Песната ја изведуваат Лејди Гага и Бредли Купер.

Инаку, водители на манифестацијата годинава беа американскиот комичар и актер Енди Семберг и канадската актерка Сандра Оу, која освен што влезе во историјата како првата водителка со азиско потекло, се закити и со својот втор златен глобус за улогата во серијата „Убивајќи ја Ева“.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com