100
Дизелот поскапува за 3,5 денари, бензините остануваат исти. Регулаторна ги објави новите цени на горивата, кои вчера практично ги најави премиерот Христијан Мицкоски, откако Владата прогласи кризна состојба и го намали ДДВ-то од 18 на 10 проценти.
Со новата цена, литар дизел ќе чини 95,5 денари.Бензинот од 95 откани и натаму ќе се продава по 86,5 денари за литар, а 98мицата останува 88,5 денари.
Поскапува екстра лесното масло за горење за 2,5 денари, па новата цена ќе биде 92 денари за литар, додека мало поскапување има и кај мазутот, кој ќе се продава по 47,61 денар за килограм.
