470
Регулаторната комисија со нова одлука за нафтените деривати. Цената на дизелот од полноќ се намалува за половина денар за литар, додека цената на бензините останува иста.
Со последната одлука, малопродажната цена на еуродизел (Д-Е V) изнесува 77 ден/лит, додека малопродажната цена на Еуросупер БС-95 останува 80 ден/лит, а Еуросупер БС-98 изнесува 82 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалува за 1 ден/лит и ќе изнесува 75,50 ден/лит. Намалување има и кај мазутот за 0,559 ден/кг, па сега изнесува 42,773 ден/кг.
Малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените, се намалени во просек за 0,65%.