ДЕМИ МУР ПРЕЖИВЕАЛА ПЕКОЛ: Мајка и ја дала да ја силуваат за да заработи пари за дрога

by Тони Зографски

Популарната актерка Деми Мур имала многу тежок живот за кој малкумина знаат.

Токму затоа нејзината биографија крена голем прав во јавноста и во медиумите. Деталите што најмногу шокираа и ги потресоа сите се двата страшни чина што Деми ги преживеала заради својата мајка.

Имено, кога била дете, нејзината мајка се предозирала и актерката била принудена да ѝ го вади апчињата од грлото со сопствените прсти. Но тоа не е најстрашното што го доживеала од мајка си.

Кога имала само 15 години, нејзината мајка дозволила Деми да биде силувана од маж. По грозоморниот чин, тој ѝ дал на нејзината мајка околу 400 долари.

Какво е чувството да те продадат? – ја прашал тој човек.

Тоа беше силување и одвратно мајчинско предавство – напиша актерката во својата биографија.

Набргу потоа, Деми Мур го напуштила семејниот дом. На 17-годишна возраст го запознала музичарот Фреди Мур со кого напишала три песни и се омажила во 1980 година. Биле во брак пет години. Само две години подоцна, актерката се омажи со актерот Брус Вилис, со кого помина 13 години заедно и со кого има три деца – Румер, Скаут и Талула.

останати вести