Девојка вежбала во теретана, паднала и починала (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

by Тони Зографски

28-годишна жена ненадејно починала додека вежбала во теретана во Еквадор, а нејзината смрт била снимена од безбедносните камери.

Жената, која е идентификувана како Бетси Рамирез, се верува дека доживеала срцев удар во теретана во Санта Роса, провинцијата Ел Оро, на 29 ноември минатата година.

Рамирез е снимена како прави сквотови и крева тегови кога одеднаш застана и падна на подот со лицето напред.

https://twitter.com/i/status/1613399380379435008

На помош на Рамирез ѝ притрчаа другите посетители во теретаната, главно жени.

Тие продолжиле да ѝ го проверуваат пулсот додека не пристигнале лекарите од итната помош.

Рамирез итно била пренесена во болница, но пристигнала таму без знаци на живот. Лекарите по пристигнувањето констатирале смрт.

останати вести