ДВЕ ЦРВЕНИ КЛУПИ ОД ДОНАЦИИ И ПРОДАВАЊЕ МАИЦИ: Мартина ја разубави општина Карпош

by Тони Зографски

Мартина Димоска е млада скопјанка, која со донации и продавање на маици, придонесе општината Карпош да се збогати со две клупи во црвена боја.

„Поставивме две клупи во Општина Карпош кои се всушност нарачани од мене и средствата добиени од маичките #МршКучи. Ви благодарам за сите што нарачавте и ме поддржавте!

Сакав да направиме нешто поразлично и колективно, а да се чувствувате како да сте придонеле. Освен донациите на луѓе на кои што тоа им е потребно, сакав да придонесеме во општествено добро. Првото е од ваков калибар“, напиша Мартина на својот Фејсбук профил.

останати вести