Две девојки тешко повредени откако со автомобил се превртиле на пат кон езерото Младост

by Тони Зографски

Во сообраќајка пријавена од СВР Велес која се случила доцна синоќа на патот Башино Село – Отовица, автомобил се превртел движејќи се кон езеро Младост, при што тешко се повредени две женски лица, информира за МИА д-р Василка Пановска ПопСтефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.

-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен , а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет, информира д-р Пановска Поп Стефанова .

Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.

На лице место увид на несреќата, направила екипа на СВР Велес.

останати вести