Дакота Џонсон откри дека за улогата во првиот филм „Педесет нијанси сиво“ ги пуштила срамните влакна да ѝ пораснат. Ова го изјавила во најавата за емисијата „Хот Уанс Версус“ (Hot Ones Versus), за да избегне да изеде екстремно луто пилешко крилце.
„Нема шанси да изедам едно од овие сра*а“, рекла Џонсон, пред да одлучи да одговори на прашањето за подготовките за улогата на Анастасија Стил.
Подготовки за улогата на Анастасија Стил
„Во првиот дел имаше сцени со голотија, а ликот не требаше да изгледа како редовно да оди на депилација“, објаснила актерката.

Нејзината изјава ги надополнува претходните, делумно противречни информации за снимањето. Џонсон во 2015 година изјавила дека „поминала низ повеќе депилации отколку што би требало да помине која било жена“.
Режисерката Сем Тејлор-Џонсон претходно го споменувала „развој на изгледот на срамните влакна“, кој го следел дејството на книгата, додека директорот на фотографија Шејмус Мекгарви изјавил дека актерката носела заштитна покривка за интимните делови од телото, а срамните влакна биле додадени во постпродукција.
Промоција на новиот трилер
Целата епизода од емисијата „Хот Уанс Версус“ беше објавена на 6 октомври на Јутјуб каналот „Фрст Ви Фист“ (First We Feast). Во неа Џонсон се натпреварувала против својот колега Џош Хартнет, додека Ен Хатавеј ја имала улогата на судијка.
Според правилата, натпреварувачите мора да одговорат на поставеното прашање или да изедат луто пилешко крилце. Тројцата го промовираат филмот „Верити“, адаптација на романот на Колин Хувер, кој пристигна во американските кина на 2 октомври.
