Дакота Џонсон откри: „Мајка ми ме воспита гордо да го покажувам своето тело“

by Тони Зографски

Актерката Дакота Џонсон (35) вели дека нејзината мајка, Мелани Грифит (67), ја воспитала да биде горда на своето тело.

Ѕвездата на еротската трилогија „50 нијанси сиво“, Дакота Џонсон, конечно проговори за жешките сцени што ја направија позната низ целиот свет! Во подкаст, холивудската актерка откри како се подготвува за снимање експлицитни сцени и што научила за своето тело како мало девојче!

‒ Сè зависи од ликот што го играм. Дали таа е идеализирана секси девојка, домаќинка, исплашена, осамена, конзервативна? Тоа е првиот чекор. А потоа доаѓа физичката подготовка ‒ објасни Дакота и додаде дека сака да се чувствува добро во своето тело кога го покажува тоа пред камерите:

‒ Мама ме воспита да бидам горда на своето тело, да го сакам и да го покажувам. За тоа сум ѝ бескрајно благодарна. Ми помогна многу во мојата работа.

„Снимањето на „50 нијанси“ беше психотично!“

Актерката, исто така, откри шокантни детали од снимањето на трилогијата што ја лансираше кон славата во интервју за „Венити фер“ во 2022 година.

‒ Се согласив да снимам сосема поинаква верзија на филмот од онаа што на крајот излезе. Сè беше под контрола на авторката на романот, Е. Л. Џејмс, која буквално беше на снимањето секој ден и бараше одредени сцени да бидат направени точно онака како што таа ги замислуваше. Бев среќна што ги снимав ‒ рече Дакота.

Според неа, атмосферата на снимањето не била секогаш идилична.

‒ Некои делови од книгата едноставно не функционираат во филмот, особено внатрешните монолози кои изгледаа премногу слатки и неприродни. Борбата беше секојдневна. „Секогаш“, призна актерката.

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com