Гучи ги ископира пластичните сандали од „Југопластика“ (ФОТО)

by Тони Зографски

На официјалната страница на луксузниот моден бренд „Гучи“ се продаваат пластични сандали кои премногу потсетуваат на оние кои во минатиот век ги продаваше „Југопластика“.

Имено, фирмата „Југопластика“ е основана во 1952 година во Сплит и истата произведуваше сандали, патики, торби, играчки, автоделови, спортска опрема…

Image

Летниот одмор во поранешна Југославија не можеше да се замисли без легендарните гумени сандали на оваа компанија кои ги носеа деца, но и возрасни.

Многу корисници на социјалните мрежи ја забележале сличноста помеѓу сандалите на „Југопластика“ и сандалите на „Гучи“ кои се продаваат по цена од 400 евра. Жените можат да ги купат во розова и виолетова боја, а мажите во црна и зелена, како и проѕирна варијанта.

„Дали добиваш и чорапи или се купуваат посебно, се знае ли нешто?“, се пошегувал еден корисник на Твитер.

„Прескапа носталгија“, искоментирал друг.

останати вести