Грците се уверени дека ги стигнала клетвата на Мицотакис (ФОТО)

by Тони Зографски

Грција синоќа ги погоди страшно невреме кое ги однесе животите на седум туристи. Интересно е што многумина Грци се уверени дека оваа трагедија е поврзана со доаѓањето на новиот премиер Кирјакос Мицотакис на власт откако во неделата го победи Алексис Ципрас.

Така, многуми сметаат дека главен виновник за синоќешната катастрофа на Халкидики е таткото на Кирјакос, Константинос Мицотакис. Тој беше премиер на Грција од 1990 до 1993 година и за многумина е проколнат.

Тој е познат “бегалец“  кој во 1965 година излезе од администрацијата на Јоргос Папандреу и ја симна тогашната влада, по што Грција влезе во политички хаос.

Сега, само четири дена по победата на неговиот син, и се случува нова катастрофа на Грција – страшното невреме. Поради тоа, денеска многумина  пишуваат дека фамилијата Мицотакис е навистина проклета.

 

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com