929
Иако имаше разни претпоставки како ќе изгледаат грчките плажи по епидемијата на коронавирусот, на социјалните мрежи се појавија фотографија од новоуредените плажи на Глифада во Атина.
Местата за одмор не се оградени со плексиглас, но на фотографиите се гледа дека чадорите за сонце се на безбедна одалеченост еден од друг.
Глифада се наоѓа во северниот дел на градот, а се работи за две плажи. Во нивна близина има продавници, кафулиња и ресторани.
Инаку, досега оваа плажа беше неуредена и запустена и немаше кафулиња со чадори за сонце и лежалки. Сега се наместени чадори за сонце на безбедна одалеченост, донесен е нов песок, а плажата има плаво знаменце.






