Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка

by Тони Зографски

Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов поднесе неотповиклива оставка на функцијата по стравичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во кој загинаа 59 лица, а 155 се повредени. За одлуката информира преку Фејсбук и доаѓа по повеќе од еден ден од трагедијата.

„Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од функцијата градоначалник на Кочани. Оваа загуба е огромна. Не постојат зборови што можат да ја опишат болката што ја чувствуваме сите. Тие деца беа наши деца. Ги познавав повеќето од нив, ги познавав и нивните семејства, а со дел од нив и семејни пријатели. Шокот и скршеноста што ги чувствувам ќе траат целиот мој живот. Оваа трагедија ги остави Кочани и Македонија во црнина, а празнината што остана е непреболна“, напиша меѓудругото Папазов на Фејсбук.

останати вести